Thursday, April 30, 2009

Планирам да отварам Hedge Fund у Македонија

Како прво, едно големо добредојде на мојот нов блог за сите мои поклоници и редовни следбеници на мојата маилинг листа!!!

Во врска со новиот hedge fund што ќe го отварам, би сакал да Ве замолам да ми помогнете:

1) да формулирам име

Сега за сега, се разгледуваат:

* Pyramid Capital Management
* SixteenRays® Investment Partners
* Bucephalus™ Growth Accelerator Fund
* Alexander's Sons and Partners
* KOKINO MoneyMaster
* Gemidzhii Wealth
* TAT Hedge Invest™

Ќе бидат разгледани и сите Ваши предлози за идејно решение!

2) да најдам инвеститори - за ова, целна група треба да се имуќните, кои не се погодени од Светската кризата, значи посебно целам на

* луѓето што работат во IT во Македонија,
* сопствениците/истражувачите на руда во „Алшар“,
* сточарите што продаваат млеко за 30 ден по литар
* спонзорушите
* вработените во државната администрација
* сите Битолчани
* Судските Извршители
* вработените на патарина
* и мн. други

а секако, коа станува збор за земање на пари, немам проблем да земам и од олигарсите и членовите на Сојузот на Душманите за Смрт на Македонија.

За сите пари донесени во Фондот, ќе биде исплатена провизија од 10%.

Фондот, инаку, ќе биде базиран во без-даночната трговска зона ЗМИСКИ ОСТРОВ, Преспанско Езеро, а стратегијата на инвестициите ќе биде деловна тајна. Сè што можам да кажам е дека фондот ќе ја применува веќе потврдената стратегија "First-In-First-Out hedge yield derivative arbitrage", измислена од познатиот Американски инвеститор Charles Ponzi, и која гарантира камати кои почнуваат од 20% месечно па нагоре! За заинтересираните, можам уште да кажам и дека Фондот ќе има (ет-/анти-)ички пристап во инвестициите, што значи дека ќе инвестира само во Земјите во кои се протегала Империјата на најпознатиот Македонски Освојувач - Александар Македонски.

Управниот Одбор е таен, меѓутоа во него учествуваат истакнати Инвестициски менаџери од Македонија, посебно Битола, и светски признати професори од Битолскиот и Прилепскиот факултет, како и многу Лондонски и Њујоршки Банкари.

-Управниод Одбор како и целиот Инвестициски Менаџерски Тим не наплаќаат никаква провизија на остварениот профит, кој ќе се инвестира во добротворни проекти, како на пример

-истражување на вистинската локација на Гробот на најголемиот македонски Син - Александар, и пренос на Неговите Мошти за трајно упокојување во Црквата на Плоштад
-градба на споменици, цркви, фонтани и првата Ботаничка градина во Скопје
-учество на Македонија во СЕТИ (Search for Extra Terrestrial Intelligence) програмата на НАСА
-откуп на Каменот на Розета од Британскиот Музеј и негов пренос во Македониумот

Сите други добротворни идеи ќе бидат исто така разгледани од страна на под-комитетот за Верски и (Ант-/Ет-)ички прашања при Инвестициониот Одбор на Фондот.

Членството во Фондот е исклучиво со одобрување на Одборот на Управители и добивањето на покана не значи дека Вашата инвестиција ќе биде автоматски прифатена. Побрзајте да уплатите, зашто местата се ограничени - кога ќе достигне вредност од 1 милијарда евра, Фондот ќе престане да прима претплати, а Вие ќе изгубите прекрасна можност да станете милијардери преку ноќ!!!

Молам да се објави веста што пошироко!

Со почит,

Вашиот СЛАВОМАКЕДОНЕЦ

Претседател во Сенка

No comments: